Сè започнува со бесплатната Зип мастер дебитна картичка, која е од еко пластика зашто се грижиме за животната средина и е во два различни супер дизајни.
Зип мастер картичката носи специјални попусти во омилените продажни места означени како Zipp Spots, а секое плаќање со картичката, каде било во светот носи поени за кешбек или ваучери преку програмата Бонусбокс.
Освен бесплатната Зип картичка, Зип клуб пакетот носи уште цел сет на одлични бенефиции за младите, бесплатно дигитално банкарство и платежна сметка за целосна контрола на личните финансии, бесплатни налози за плаќања кон факултет за партиципација, уписи, потврди, бесплатен роаминг интернет, пристап до VIP зони на над 1.500 аеродроми и попусти при патување во странство, модерни, брзи и лесни плаќања со Apple Pay, Google Pay, Garmin Pay, Плати на пријател, Подели сметка, а без потреба од паричник, посети на настани посветени на менталното здравје, финансиската писменост и други интересни теми, учество во наградни игри за концерти, патувања и многу други изненадувања.
Зип клуб е супер поддршка за секој млад човек затоа што добива современо банкарство, бесплатни услуги, безброј привилегии и многу забава.
„Во годината кога одбележуваме 70 години од постоењето на Комерцијална банка одлучивме да создадеме нешто што ќе донесе конкретен бенефит за нашата иднина, за младите, кои заслужуваат посебна поддршка. Со овој пакет кој е специјално креиран за нив сакаме да имаат лесен и модерен пристап до банкарските услуги, но и да се чувствуваат дел од заедница што создава позитивна разлика. Веруваме во нивната енергија и креативност и сакаме да им дадеме алатки и искуства што ќе им помогнат да ја обликуваат својата иднина“, изјави Никола Џамбазовски, главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Зип клуб пакетот се активира веднаш преку Интернет банка или со пополнување кратко барање во експозитура на Комерцијална банка. Целосно е бесплатен за младите кои не се вработени, а за оние кои се вработени чини само 30 денари месечно.
Зип отвора ново поглавје и во грижата за создавање подобро општество. Со секој отворен Зип клуб пакет, Комерцијална банка ќе засади дрво како „Зелен поБОРник“ и поддржувач на иницијативата Боренка за пошумување опожарени места во Македонија. Банката ќе издвојува и парични донации за проекти кои ги засегаат младите, а членовите на зип заедницата ќе гласаат кој проект да добие најголема донација. Ќе има и работилници посветени на менталното здравје на младите, финансиската едукација, кариерниот развој и на други интересни и корисни теми.
Зип додава нова вредност во нашата мисија да бидеме вистински сојузник на младите. Преку бројни проекти, активности и пријатни изненадувања ќе ги поддржуваме во нивните први чекори кон самостојност, финансиска сигурност и исполнување на нивните цели.
Повеќе информации заЗип клуб се достапни на следниот линк.






