среда, 24 декември 2025

Зимзоленд вчера не работеше, светлата се изгаснаа

Реквизитите во времениот забавен парк Зимзоленд во скопско Ново Лисиче вчера не работе, но засега нема официјална потврда дека паркот е целосно затворен. Општина Аеродром ѝ нареди на фирмата „Мега луна 25“ од Битола да дислоцира дел од опремата во рок од три дена, а инспекторот предупреди дека во спротивно ќе следува присилно административно извршување на градбата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што вчера објави МКД.мк, општината сè уште нема потврда дека решението е доставено, а тоа е важно бидејќи рокот од три дена почнува да тече од моментот на доставата. Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески за МКД.мк посочи дека по два неуспешни обиди за врачување на решението истото е доставено по пошта и сега чекаат доказ дека е примено, па потоа тече рокот за да се отстрани овој објект.

Иако од општина Аеродром тврдат дека сите реквизити се проверени од Дирекцијата за заштита и спасување, од ДЗС велат дека ниту имале надлежност, ниту пак правеле проверка.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Влатко Стојкоски, вели дека  се утврдени пет неправилности со решенија за забрана на вршење на дејност.

„Решенијата не можевме да ги доставиме физички бидејќи лицата не ги најдовме, па се испратени по пошта. Овие лица работеле на диво. Кога сме биле на лице место, сме утврдиле дека не работа, но не можеме да бидеме стражари, бидејќи имаме само 20 тина инспектори. На Зимзоленд има штандови кои работат по закон, со регистрирана фирма, со фискални и слично“, изјави Стојкоски.

Лунапаркот работи скоро еден месец без дозвола од Град Скопје, а повеќе институции констатираа низа неправилности. Обвинителството отвори истрага откако се посомнева дека институциите не постапуваат по закон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ