сабота, 26 јули 2025

Зијадин Села кандидат на Европскиот фронт за градоначалник на Струга

Зијадин Села ќе биде кандидатот на коалицијата на ДУИ, Европски фронт, за градоначалник на Струга, неофицијално објавуваат дел од медиумите на албански јазик. Села на овие локални избори ќе се обиде по трет пат да стане градоначалник на Струга. За оваа општива веќе е најавена независната кандидатура на бизнисменот Менди Ќира, поддржана од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

За време на отворањето на изборниот штаб на Вреди во Струга, заменик-премиерот и еден од лидерите на коалицијата, Арбен Фетаи, го предизвика директно својот поранешен партиски колега, Зијадин Села.

„Зијадин, бујрум мери се со Менди Ќира и да видиме во октомври кој ќе ја освои Струга!“, изјави Фетаи пред. Тој ги обвини Села и Таравари дека се обидуваат да го вратат Али Ахмети на власт преку тајни договори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ