Хемодијафилтрацијата, појасни тој, обезбедува поцелосно отстранување на токсините, подобрување на хемодинамичката стабилност, помалку несакани ефекти, подобра заштита на кардиоваскуларниот систем и намалување на хроничното воспаление.
„Овој голем напредок во нефролошките услуги на болницата е доказ за нашата посветеност да обезбедиме модерни и ефикасни третмани за пациентите во Северна Македонија. Благодарение на оваа донација, заедно со целосно реновираниот објект за ‘холидеј дијализа’, пациентите во нашата болница ќе имаат можност да добијат поквалитетен и побезбеден третман, со што ќе се зголеми нивниот животен век и благосостојба. Оваа инвестиција во модерна технологија претставува значаен чекор кон подобрување на јавното здравство и третманот на бубрежните заболувања“, рече Зиба.
Трите модерни апарати за хемодијафилтрација, која е поефикасна и напредна метода за прочистување на крвта кај пациентите со бубрежна инсуфициенција се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, проект финансиран од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од над три ипол милиони денари.