„Со тоа што ставив евтина спирала, почнав да отекувам… Спиралата ја ставив поради тоа што физичкото насилство беше пропратено со сексуално насилство… Сè загноило и целата сум отечена. Мораше итно да одам на операција“, сведочи жената, која нагласува дека поради егзистенцијална ранливост немала можност да обезбеди поквалитетно средство.
Таа прашува зошто државата не би субвенционирала квалитетни спирали за жртвите на семејно насилство, „за да не се доведуваат во ситуација да ставаат евтини спирали како мене“, нагласувајќи дека поддршката ја добива од невладини организации, АФЖ Левица и пратеничката Јована Мојсоска – но не и од институциите.
Од АФЖ Левица велат дека целосно застануваат зад предлогот за обезбедување квалитетни контрацептивни средства за жените жртви и дека ќе продолжат да ги застапуваат нивните интереси.
„Не трпи! Не молчи! Едуцирај се, охрабри се! Делувај!“ е слоганот на нивната кампања по повод 16-те дена активизам, која има цел да ги обелодени сведоштвата за родово базирано и институционално насилство и да понуди едукација, вклучително и преку онлајн материјали во насока на Истанбулската конвенција.
Од групата потсетуваат дека насилството во Македонија е во подем, системот во распад, а фемицидот – болна реалност.
АФЖ Левица апелира: „Стоп за насилството!“






