сабота, 3 мај 2025

Жителите на Волково до власта: Доста е молк, време е за акција!

Жителите на скопската населба Волково преку јавно обраќање од надлежните институции бараат надминување на катастрофалната состојба на главната улица во населбата, која веќе „подолг временски период претставува извор на секојдневни проблеми, материјални штети и небезбедност“.

Објавено на

часот

Сподели

Жителите бараат итно асфалтирање на улицата и ги повикуваат одговорните во Општина Ѓорче Петров, Градот Скопје, пратениците во Собранието, како и советниците во градот и општината, веднаш да преземат конкретни мерки.

„Улицата беше раскопана пред повеќе од девет месеци, но сè уште не е асфалтирана – со што граѓаните со право прашуваат: зошто се брзаше со раскопување, доколку не беа обезбедени услови за нејзино целосно завршување? Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе се уништува секое парче земја“, порачуваат жителите на Волково.

Тие велат дека некогаш најперспективната населба, денес се соочува со урбан хаос, запоставеност и животни услови кои стануваат сè потешки.

„Последиците ги чувствуваат не само жителите, туку и околните туристички места кои се погодени од несоодветната инфраструктура. Доколку проблемот не се реши, најавуваме протести, граѓанска непослушност, како и покренување постапки за кривична одговорност против сите кои свесно го игнорираат овој проблем“, апелираат жителите на Волково.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ