четврток, 10 април 2025

Жителите на Делчево, Тработивиште и Разловци ќе се снабдуваат со вода од бунарски извори

Жителите на делчевските села Тработивиште и Разловци како и градот Делчево ќе се снабдуваат со вода од бунарските извори, откако утрово настана дефект на водоводната линија, поради што првично беа без вода за пиење. Како што информираат од ЈКП Брегалница, поради обилните врнежи во текот на изминатите деновите дојдено е до отцепување на трупот на патот Разловци Тработивиште, така што доводната цевка од брана била изложена на воздух, што предизвикало нејзино повлекување.

Објавено на

часот

Сподели

„Поради лошиот пристап на терен потребно е нејзино дислоцирање во горниот дел од патот. Екипи на ЈКП Брегалница ќе пристапат кон нејзино дислоцирање, теренот е обезбеден. Ги повикуваме учесниците во сообраќајот на оваа делница да ја почитуваат сообраќајната сигнализација поставена на патот“, информираат од претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде непречено до Делчево и Тработивиште преку бунарските извори од Тработивиште и бунарите во Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ