понеделник, 8 декември 2025
Локалната власт со години ги игнорира баарањата

Жителите на Аеродром 4 години чекаа дислокација на хаварисаните возила, ама беа отстранети дури денес за посетата на премиерот за Лидл

Граѓани од Општина Аеродром реагираат дека локалната власт со години ги игнорира нивните барања за дислокација на хаварисани возила, собирање смет и решавање на состојбата со дивите продавачи, а сè било направено за само еден час поради денешното присуство на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новиот маркет „Лидл“ во Ново Лисиче.

Објавено на

часот

Сподели

„Четири години бараме да се дислоцираат хаварисаните возила, да се исчисти сметот на паркиралиштата и да се реши состојбата со дивите продавачи. Општина Аеродром немаше никаква волја за решение. Денес, заради свеченото отворање, за еден час беа собрани сите хаварисани возила и беше исчистена околината,“ велат револтирани граѓани.

Тие обвинуваат дека со ваквиот однос Општина Аеродром го гази достоинството на жителите, а приоритет ѝ се „поединци и бизнис интереси, наместо граѓаните од кои добива легитимитет“.

Во Реонскиот центар во општина Аеродром денеска е поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на германската компанија Лидл. Новиот објект на Лидл на парцела покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“  ќе се протега на површина од 3.438 метри квадратни со модерен продажен самол од 1.200 метри квадратни и 57 паркинг места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ