недела, 11 јануари 2026

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница утрово информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.

Објавено на

часот

Сподели

Според ЈСП, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за непречено и безбедно функционирање на жичницата.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, соопшти ЈСП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ