Екипите составени од возач и совозач ќе поминат градска рута, а потоа ќе ја покажат својата вештина и умешност зад воланот во втората етапа – вешто возење на затворен паркинг во безбедни услови, меѓу конуси.
За учество на релито, како што информира организаторот, веќе има пријавено над 100 учеснички.

Женскотоо рели има за цел да ја промовира улогата на жените во мотоспортот, тимската работа и позитивната енергија, како и да ја подигне свеста за безбедност во сообраќајот.






