сабота, 12 јули 2025

Жељазков за средбата со Сиљановска: Целта на Скопје не е Вавилон, туку влез во ЕУ

Ја побарав претседателката на Република Македонија бидејќи ставот на Бугарија е дека РСМ треба да биде дел од ЕУ врз основа на сопствените заслуги, изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков, кој за време на самитот на НАТО во Хаг, остварил средба со претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсетил дека Бугарија останува доследна на декларацијата од мај 2022 година, нагласувајќи дека заштитата на правата на Бугарите во РСМ е од клучно значење за Софија, се вели во известувањето на бугарската влада на социјалните мрежи.

Жељазков оценил дека разговорот со Сиљановска бил „многу добар“ и дека бил фокусиран на теми како што се човековите права и европските вредности.

„Разговаравме за фактот дека јазикот што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам една аналогија – целта на нашите пријатели од РСМ не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ, што се базира на критериумите за членство“, истакна бугарскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ