„Празничната магија на шините продолжува! Ве известуваме дека до 30 декември, секој ден на Железничката станица во Скопје, ве очекуваат новогодишни претстави, по чие завршување новогодишниот воз тргнува на празнично патување на релација Скопје – Маџари – Скопје“, се наведува во соопштението на Железници.

Оттаму додаваат дека за сите оние кои сакаат само уживање во возењето и празничната атмосфера, обезбедиле и дополнително возење во 18 часот, на истата релација, и ги повикуваат сите да бидат дел од оваа новогодишна бајка и на незаборавно доживување за целото семејство.







