недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Зграда никна и во село Долно Лисиче, Левица вели дека ДУП-от за ова место мора итно да се ревидира

Политичката партија Левица најостро реагира на усвојувањето на Деталниот урбанистички план (ДУП) за село Долно Лисиче, кој, како што велат од партијата, е донесен спротивно на волјата на граѓаните. Во селото кое е под општина Аеродром веќе никна една зграда, а ионака жителите кои се таму немаат доволно притисок на вода и често немаат струја.

Објавено на

часот

Сподели

„На дебатата на ТВ24, носителот на нашата советничка листа, Дејан Ристевски, зборуваше за шверцерското усвојување на планот, без консултација, без транспарентност и без почитување на народната волја“, истакнува Левица.

И покрај петицијата потпишана од над 150 жители кои бараа планот да не се носи сè додека патот низ населбата не се пренамени од регионален во локален, мнозинството на ДПМНЕ во Советот насилнички го изгласа ДУП-от. Жителите со години трпат поради тешките товарни возила кои предизвикуваат пукнатини на ѕидовите и силни потреси во куќите.

„Локалната власт на ДПМНЕ ги лажеше луѓето дека вината е кај централната власт, но откако ја презедоа власта, проблемот остана нерешен“, додаваат од Левица.

Од партијата нагласуваат дека ДУП-от е катастрофален и мора итно да се ревидира, а Левица ќе се залага за урбанизам кој е по мерка на граѓаните, а не под диктат на бизнис интереси и партиски спонзори.

„Време е да се врати гласот на жителите во Советот“, заклучуваат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ