„Констатирани се неправилности, изготвен е Записник од извршен инспекциски надзор и донесено е Решение со кое на инвеститорите им се наредува веднаш да ја прекинат натамошната изградба на објектот од втора категорија со намена А2 – колективна станбена зграда на улица Партизански Одреди бр.бб, во рок од пет дена да го вратат во првобитна состојба фасадниот ѕид на соседниот објект и веднаш да ја обезбедат сигурноста на околната градба“, се наведува во соопштението.
Зграда до зграда во Ѓорче Петров, се урна ѕид, па општината бара итна санација
Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на лице-место на локацијата каде вчера при бетонирање на платно кое е дел од вертикална комуникација на источна страна од градилиште (на самата меѓа со сосед станбена зграда на ул. Партизански одреди бр.165) пробиен е дел од фасаден ѕид на соседна зграда, соопштија денеска од Општина Ѓорче Петров.

Објавено на
часот