понеделник, 15 декември 2025

Зголемување на лимитот за бесплатно болничко лекување, бараат од Партијата на пензионерите

Владата итно да го зголеми номиналниот лимит за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии, бара Партијата на пензионери.

Објавено на

часот

Сподели

Во партиското оопштение е вели дека од март 2025 година со зголемување на пензиите за 2.500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување сѐ уште е 18.000 денари.

„Со самиот тој факт, подолг период ниту еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување што најмногу ги погодува пензионерите со најниските пензии и нивните семејства. Мора да се нагласи дека овој проблем е уште посложен, бидејќи во исто време ние имаме и највисоки цени на лековите во регионот.

Затоа бараме лимитот до кој пензионерите нема да плаќаат партиципација за болничко лекување од јануари 2026 година да изнесува 25.000 денари, а во иднина, истиот да биде константно врзан со висината на минималната плата“, се вели во оопштението на Партијата на пензионери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ