понеделник, 26 јануари 2026

Зголемено нивото на реките Вардар, Трека, Пчиња, Црн Дрим, Црна Река…

Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун,  Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на нивото на водата.

Според податоците од УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ