Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во општина Кратово, поради повремени врнежи од дожд, зголемено е нивото на Кратовска и на Крива Река, без излевање.
Во општина Новаци нивото на Црна Река изнесува приближно 280 сантиметри, а во општина Демир Хисар зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.
„Во Кичево евидентирани се 250 евакуирани лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедуваат храна, вода и неопходна поддршка. Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализациската мрежа. ТППЕ врши испумпување вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители“, се наведува во соопштението од ЦУК.






