Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се намалени во секторот – рударство и вадење на камен за 0.6 %, a се зголемени во секторот преработувачка индустрија за 0.5 %, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 % и во секторот снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.9 %.
Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот рударство и вадење на камен за 1.8 %, во секторот преработувачка индустрија за 4.4 %, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.3 % и во секторот снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.9 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец и за 3,9 проценти во однос на септември лани, соопшти исто така, Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година во однос на претходниот месец се намалени во секторот рударство и вадење камен за 0.7 %, а во секторот преработувачка индустрија се зголемени за 0.2 %.
Во септември 2025 година во однос на истиот месец претходната година продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот рударство и вадење на камен се зголемени за 1.5 %, а во секторот преработувачка индустрија за 4.1 %.






