недела, 7 декември 2025

Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември годинава се зголемени за 1,2  проценти во однос на претходниот месец, а за 5,6 проценти споредено со септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Во септември годинава во однос на август годинава зголемување на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар е регистрирано во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти, Енергија за 1,7 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 процент.

Податоците на ДЗС за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември споредено со септември лани покажуваат дека има зголемување во групите Енергија за 7,3 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1  процент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ