понеделник, 16 март 2026

Зголемен прометот од продажба на услуги

Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 0,3 проценти во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во четвртиот квартал лани, во споредба со истиот квартал од претходната година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 3,8 проценти има во секторот стручни, научни и технички дејности и од 3,4 проценти во секторот административни и помошни услужни дејности.

Податоците на ДЗС покажуваат дека во 2025 година во однос на 2024 година прометот од продажбата на услугите е зголемен за 0,6  проценти. Во секторот административни и помошни услужни дејности годишното зголемување изнесува 4,8 проценти по што следуваат објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3,8 проценти, стручни, научни и технички дејност – 2,5 проценти и дејности во врска со недвижен имот – 1,7 процент. Намалување од 1,5 процент има во информации и комуникации, кај трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли од 1,3 процент и од 0,4 проценти во транспорт и складирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ