Кај домашните туристи е забележано намалување за 2,3 отсто, а кај странските зголемување за 9,3 проценти. И во однос на ноќевањата, кај домашните туристи има намалување за 4,2, а кај странските зголемување за 6,4 проценти.
Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи 21,8 отсто биле домашни, а 78,2 процента странски. Бројот на ноќевањата во октомври 2025 година изнесува 204.718, од кои 29,1 отсто се од домашните туристи, а 70,9 отсто од странските.
Најмногу странски туристи во октомври 2025 дошле од Турција (18.678), Германија (12.558), Србија (6.154) и Грција (3.781).






