Како што информираат од МВР, Тошковски од посетата констатирал дека има зголемување на патниците на овој граничен премин, како и на сите гранични премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
За разлика од лани, има за околу 20 проценти зголемен број на патници на граничниот премин на аеродромот, а за околу 30 проценти на граничниот премин „Блато“ кај Дебар.
„Се фокусираме на зголемување на техничките услови и човечките капацитети со кои ќе можеме соодветно да одговориме на овој зголемен број на патници коишто го имаме во овој временски период. Добро е што имаме зголемена размена на туристи и сакаме тој број контактно да расте, што повеќе туристи да ги видат убавините на Охрид и Македонија“, потенцирал Тошковски.
Нагласил дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни предуслови за сите туристи во претстојната сезона да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава.