Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотрес во Грција, почувствуван во Прилеп
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 1 часот и 14 минути по полноќ регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2,9.

Објавено на
часот





