понеделник, 23 февруари 2026

Земјоделски површини во Пелагонија со јачмен и пченица, сè уште под вода

 Во јужниот дел на Пелагонија, во атарот на селата Жабени и Породин, земјоделските површини сè уште се под вода.

Објавено на

часот

Сподели

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за МИА информираа дека станува збор за површини засејани со јачмен и пченица.

„Обилните дождови и условите на терен кои во јужниот дел на Пелагонија, посебно  во атарот на селата Жабени, Породин и околината, каде Пелагонија е пониска, сè уште има вода од обилните дождови. Но, не се очекува предизвикување на евентуална штета врз посевите или евентуална агро интервенција. Треба да се почека за појасна слика која можеби ќе се добие деновиве бидејќи се очекуваат повисоки дневни температури на водухот“, посочија од ПЕ на МЗШВ Битола.

Агроекспертите советуваат на земјоделските површини со посеви да се изврши прихранување со азотни ѓубрива или биостимулатори, но и други заштитни мерки посочени од агроекспертите за да не се појават штетници или други несакани последици врз есенските посеви.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ