среда, 17 декември 2025
Локални избори 2025

Зелен хуман град: Валкано произведената струја ја плаќаме сѐ поскапо

Секоја година ни поскапува електричната енергија бидејќи земјава не инвестира во доволно државни производствени капацитети и поради трошоците за дистрибуција на електрична енергија што е исто во рацете на приватни компании. Прашање на време е само кога ќе почне Македонија да плаќа такса за јаглерод како што најавува претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, се вели во соопштението на асоцијацијата Зелен хуман град.

Објавено на

часот

Сподели

„Со години предлагаме на локалната и централната власт да постават фотоволтаични системи на покривите на сите објекти во сопственост на државата и локалната самоуправа и да стават топлотна изолација на објектите што ја немаат и да се замени начинот на загревање на објектите кои користат фосилни горива, дрва или јаглен како енергенс.
Исто така, колку повеќе државата инвестира во фотоволтаични системи на јавни објекти, се бориме против енергетска сиромаштија и го намалуваме загадувањето од РЕК Битола што ја произведува електричната енергија на јаглен и е најголем загадувач во Македонија и меѓу шесте најголеми загадувачи во Европа.

Сведоци сме како бадијала се дава државно земјиште на приватни бизнисмени да прават соларни фарми и како последен удар за македонските граѓани беше тоа што Собранието изгласа измена на Законот за урбанистичко планирање според кој може да се прават сончеви фарми и на плодно земјиште, а законот важи ретроактивно што значи дека оние кои веќе бесправно направиле соларна фарма на плодно земјиште сега се легални.

Значи, не само што ќе плаќаме поскапа електрична енергија поради приватни инвеститори и нивните монополи, ќе плаќаме и поскапа храна зашто сѐ повеќе го губиме обработливото земјиште и ќе бидеме зависни од увоз.

Никој не ја споменува и главната причина за инфлацијата и поскапувањето на животот во Македонија – неколкукратното поскапување на индустриската струја споредено со периодот пред короната“, соопшти ЗХГ кои имаат листа за советници во Советот на Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ