четврток, 18 декември 2025

Зелен хуман град: Не сакаме огномет за Нова Година никаде во Скопје

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град апелира да не се организира огномет за новогодишните празници никаде во Скопје, пренесувајќи, како што наведуваат, порака од стотици сограѓани кои секојдневно им се обраќаат.

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакаме огномет за Нова Година никаде во Скопје. Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во светот, со енормно високи концентрации на PM2.5 и PM10 честички. Во вакви услови, секоја дополнителна детонација е директен удар врз здравјето на луѓето и врз животната средина“, се наведува во соопштението на иницијативата.

Од Зелен хуман град посочуваат дека јавните функционери, како избрани претставници на граѓаните, имаат обврска да ги заштитат од загадување, бучава и дополнително влошување на здравјето, а животните од стрес, паника и потенцијална смрт.

„Организирањето огномет со јавни пари, и покрај сите научно докажани информации за неговите штетни последици, претставува свесна одлука да се игнорира реалноста на штета на сите нас. Штетните политички одлуки не ги плаќаме само со нашите тешко заработени пари, туку и со најскапоценото – нашето здравје и здравјето на тие што ги сакаме“, се додава во соопштението.

Од иницијативата најавуваат дека јавно ќе ги објават имињата на сите скопски градоначалници кои ќе се обврзат дека за Нова година нема да организираат огномет.

„Скопје знае да слави достоинствено“, порачуваат од Зелен хуман град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ