„Денеска во 13:54 часот на улица „11-ти Октомври“ во Куманово, непознато лице пукало во автомобил марка голф управуван од Зекирија Шаини (1982 година) од село Слупчане, носител на листа за ДУИ – општина Липково, а актуелен претседател на Советот на општината.
Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија, има повреди во ногата и раката и е пренесен во Клинички центар – Скопје.
Од МВР велат дека се трага по сторителот или сторителите и се работи на расчистување на случајот.
Од Јавното обвинителство информираа дека во тек е увид на лице место.
„Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, велат од Јавното обвинителство.






