„По однос ‘вечната тема’ платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови, со фамозното ‘зголемување’ од 78 проценти, достигнува до 86.000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко!“, реагираат од Здружението на судии.
Здружението на судии не сака да ја коментира условната пресуда за онкологот д-р Пешевска
Основно правно начело согласно домашните и меѓународните правни стандарди е да не се коментира неправосилна судска одлука, сѐ со цел да не се влијае на понатамошната судска постапка и одлучување на повисок степен. Заради тоа и во овој случај, иако како судство сме прозвани за донесената неправосилна пресуда за предметот познат како „ Онкологија“ – донесена врз основа на признание на вина, Здружението на судии ќе ги почитува правните стандарди и нема да даде свој коментар, велат од Здружението откако Основниот кривичен суд Скопје ја осуди на условна казна затвор д-р Мери Пешевска.

Објавено на
часот





