„Од тоа што е познато, раководните лица кои се осомничени за организираниот криминал во Еуростандард банка се потписници на одлуките и налозите со кои масовно се одобрувале кредити кои не можат да се наплатат. Така и почнал криминалот. Парите од депозитите исчезнале со потписи на раководните лица во банката. Никој друг освен тие не можеле да одобрат доделување на кредити кои не можат да се вратат. А освен одобрувањето на неповратни кредити кои го предизвикале стечајот на банката, се переле и пари во милионски суми преку трансакции со нерезидентни клиенти од Венецуела.
Зошто Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не донесе одлука за понатамошно постапување од спроведената истрага? До кога ќе трае молкот на обвинителството“, прашуваат оштетените штедачи.