среда, 17 декември 2025

Здружение на Македонците Илинден: Бугарска злоупотреба на здравјето на Македонците во Пустец

Доктори од Бугарија пред три дена под бугарско знаме вршеле бесплатни прегледи на Македонците во Пустец во официјална здравствена установа на Албанија. Ова за Македонското здружение Илинден во Тирана претставува бугарска злоупотреба на здравјето на Македонците во Пустец.

Објавено на

часот

Сподели

Македонското здружение Илинден бара интервенција од албанските и европските институции за заштита на положбата и правата на припадниците на македонската заедница во Албанија.

„Најостро ги осудуваме обидите на Софија за злоупотреба на здравјето на Македонците во областа Мала Преспа. Бугарски лекари извршија бесплатни прегледи во државната амбуланта во Пустец, каде што го поставиле бугарското државно знаме за време на медицинските прегледи, без присуство на македонското или албанското државно знаме. Кампањата за бесплатни прегледи се користи како начин за вршење притисок врз Македонците да се изјаснат како Бугари, кршејќи го правниот и културниот кодекс на македонската заедница.

Жалиме што албанските институции на власта дозволуваат вакво грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со кршење на правата и слободите на Македонците“, се вели во реакцијата на Илинден.

Светскиот македонски конгрес смета дека институциите на власта на Албанија се должни да ја оневозможат секоја злоупотреба на странска држава која има за цел Македонците во Албанија да ги претставува за Бугари.

СМК за непримерно го оценува однесувањето на актуелниот градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски кој перманентно овозможува Софија да промовира антимакедонски политики во Мала Преспа.
СМК бара актуелниот градоначалник на општина Пустец да ги оневозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија, поради лукративни причини, да вршат суптилна злоупотреба на Македонците во образованието, здравството и комуналните работи на локалната самоуправа.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ