На 22 март во битолската болница почина шестгодишната Јана неколку часа откако родителите ја донеле на преглед поради болки во грлото и повраќање. Тие се сомневаат дека станува збор за класична лекарска грешка и погрешна терапија во инфузијата.
Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет за овој случај и побара обдукција.
Од обвинителството велат дека наредните денови ќе бидат објавени деталите за смртта на Јана Христовска.
Смртта на Јана предизвика голем револт на јавноста и протести пред клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.






