Делегација на Собранието, Илинден ќе го одбележи кај споменичниот комплекс за Првото заседание на АСНОМ – 1944 година, на Пелинце. Поради нарушената здравствена состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, се уште не е извесно дали тој ќе ја предводи собраниската делегација, или обраќање ќе има некој од собраниските потпретседателите. Доколку Гаши не оди на Пелинце, негова замена, неофицијално се предвидува да биде потпретседателката Весна Бендевска.
Премиерот Христијан Мицковски, Илинден ќе го одбележи во Скопје, предводејќи ја владината делегација.






