недела, 14 декември 2025
Реакција

Здравјето на децата кои играле со игла од шприц не е загрозено, велат од Oпштина Центар

Здравјето на децата кои играле со игла од шприц не е загрозено и градинката веднаш презела мерки, велат од Општина Центар во врска со случајот со најдениот наркомански шприц во градинката во скопски Буњаковец кој одекна во јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

Во продолжение ја пренесуваме целата реакција на Општината:

„Во однос на информациите кои излегоа во јавноста дека деца во градинка во Центар пронашле искористен шприц, Градинката ’13 Ноември’ информира дека детето го извадило шприцот без игла од џебот откако се вратило дома, а потоа откако поминал празникот, по три дена родителите ја алармирале градинката.

Двајцата родители имале состанок со директорката. По кажувањата на детето, инволвирани во играта со шприцот биле уште три-четири деца, од кои само едно дете имало гребнатинка која може да е и од некоја гранка од оградата. Децата се проверени од лекар и родителите велат дека се во добра здравствена состојба. За време на инцидентот имало учителки во дворот, а шприцот најверојатно бил фрлен преку оградата каде се играле децата.

Дополнително, минатиот вторник на 9 септември менаџментот на градинката одржа средба со претставник на групата родители. Донесени беа неколку заклучоци, односно патролното обезбедување да врши почеста контрола на територијата каде се наоѓа градинката, да биде засилен надзорот и хигиената во дворот во утринските часови и покрај секојдневното чистење и полевање на дворот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ