Проблемите се појавија во 16.20 часот по македонско време.
На корисниците на Фејсбук им се прикажува дека се одјавени од профилите и не можат повторно да се регистрираат, додека на Инстаграм не работи таканаречениот фид.
Како што има информации по светските медиуми, се работи на нов апдејт од страна на Мета.
Реакциитге се и дека не работи апликацијата Месинџер, но други пак корисници јавуваат дека кај нив функционира испраќањето пораки преку овој систем.






