„Отворената програма ќе ја поврзе радиоархивата со современите, експериментални пракси и новите генерации автори, со посебен акцент на разновидноста на гласови и формати. Свои настапи во живо ќе имаат Член 16, alone in a crowded room и Александар Ордев. Во соработка со Радио МОФ и Моно-тон ќе биде направен пресек на македонските музички изданија објавени во 2025 година“, информираат од Канал 103.

Програмата, како што посочуваат, започнува во 13 часот и ќе трае до полноќ и ќе се емитува и на Cashmere Radio (Берлин), во рамки на тековната соработка меѓу двете партнерски радија, како и на ФИЈУК саемот на независно издаваштво.






