понеделник, 5 мај 2025

Завршува грејната сезона, системот сепак останува вклучен до 30 април

Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија. 

Објавено на

часот

Сподели

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) информираа дека согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона завршува денеска (15 април 2025 година) и стартува т.н. преоден период кој трае до 30 април.

„Од утре, па сè до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови“,  велат од Регулаторната комисија за енергетика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ