петок, 19 декември 2025

Заврши јубилејниот педесетти „Мајски цвет“, се твореше за македонскиот јазик и неговата кодификација

Заврши 50. јубилејно издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“,  чиј традиционален организатор е кочанската Библиотека „Искра“ заедно со Литературниот клуб „Копнеж“.

Објавено на

часот

Сподели

Учествуваа триесетина ученици до деветто одделение од училишта во градови од источниот дел на Македонија, членови на литературни клубови во библиотеки, домови и центри за културата. Најуспешните пред публиката ги прочитаа своите песни.

Поезијата на учениците годинава беше мотивирана од друг јубилеј – навршување 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

„Творбите на учесниците се напишани за македонскиот јазик и навистина се сретнавме со прекрасни песни од најмладите. Како институција тоа и ни беше целта, да се пишува за македонскиот јазик и за неговата кодификација“, рече на затворањето на фестивалот, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директор на Библиотеката „Искра“ од Кочани.

Дел од овој детскиот поетски фестивал беше и ликовната работилница за декоративно цртање на Училиштето за цртање и сликање, кое е дел од ЦК „Бели мугри“.

Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ е подржан од Мнистерството за култура и туризам како проект од национален интерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ