Трката ќе започне со стартна позиција на бул. Илинден, локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по булевар Илинден до крстосница со ул. Никола Парапунов, потоа до крстосница со бул. Партизански Одреди, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул. Љубљанска каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул. Никола Парапунов и по бул. Илинден до целта на локација-Фонтана на бул. Илинден.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.