недела, 14 декември 2025

Затворен е регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

Поради пожарот во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП Национални шуми, ЈП Јасен и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). За гаснење, напомена Ангелов, се користат сите можни ресурси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ