недела, 14 декември 2025

Затемнувањето на Месечината ќе може да се гледа со два телескопа на плоштад „Македонија“ во Скопје

Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека ќе постават два телескопа. 

Објавено на

часот

Сподели

Редок феномен – целосно затемнување на Месечината, ќе може да се набљудува и од Македонија. Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето биде ведро и без многу облаци. Гледано од Скопје, нема да се види помрачувањето во целост, туку неговиот втор дел, велат од Скопското астрономско друштво.

„Месечината ќе изгрее над источниот хоризонт веќе делумно затемнета, но, не и целосно. Скопското астрономско друштво ќе постави два телескопа на плоштад ‘Македонија’, во центарот на градот. Околу 19 часот очекуваме изгревање на полу-затемнета Месечина, која со текот на времето ќе станува сè потемна и ќе добива црвеникава боја“, појаснуваат од Скопското астрономско друштво.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ