Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.
Како што информираше на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, тоа на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел справување со пожарите и заштита на населението.
Владата, исто така, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.
Воедно се апелира до граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.