петок, 12 декември 2025

Започната истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) почна истрага по падот на спортски авион денеска во Мавровско Езеро.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски изјави дека посадата на воздухопловот не е во животна опасност.

Прпоски вели дека денеска во 12:30 часот добиле информација оти мал спортски воздухоплов од типот пајпер 28 слетал во Мавровското Езеро.

„Тимот на КИНСИВ веднаш излезе на терен и почна со истрага. Воздухопловот е во приватна сопственост и со американски регистарски ознаки и посадата на воздухопловот не е во животна опасност“,  изјави Прпоски за МИА и најави повеќе информации од истрагата во наредните денови.

Претходно од СВР Тетово информираа дека две лица се пренесени во гостиварската болница со повреди здобиени при падот спортскиот авион  во водите на Мавровското Езеро.

Според портпаролот, Фатмир Реџепи, денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското Езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион.

„Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П. и Д.М., кој го управувал леталото. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување помош“, изјави портпаролот Фатмир Реџепи.

Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, близу до браната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ