Според обвинението Зарков на 8 август со нож ја убил својата мајка. Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип, Тања Кацарова во своите воведни зборови побара изрекување на најстрога затворска казна, оценувајќи го делото како длабока повреда на општествените и морални вредности.
„Станува збор за насилен чин извршен од најблискиот член на семејството, во случајот од родениот син кон родената мајка, како лице кое му дала живот на обвинетиот и се грижела за него до последниот здив. Таквиот чин на мајкоубиство од родениот син остави трајни последици не само во семејството, туку и во општеството во целина“, рече Кацарова.
Бранителот, Донче Стаменков, кој на обвинетиот Зарков му е додолен по службена должност рече дека обвинетиот нема мотив, а ниту имал умисла да ја убие 84-годишната жена, затоа побара ослободителна пресуда.
„Сите докази доставени од Обвинителството, сами по себе со контрадикторни, со кои не може да се докаже дека обвинетиот го има сторемно кривичното дело“, рече Стаменков.
Обвинетиот Зарков даде исказ и посочи дека не се сеќава на таа ноќ. Инаку, според обвинителниот предлог – на 8 август, околу два часот по полноќ, Зарков, со нож ја усмртил својата мајка, а потоа случајот самиот го пријавил.






