Комисијата треба да ја почне амандманска расправа по предлог-буџетот.
„Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме паметно, дисциплинирано и визионерски, дури и во време на предизвици. Овој документ зборува за економија што расте, за држава што инвестира и за Влада што знае што прави“, потенцира министерката.
Откако ги соопшти проекциите, таа рече дека од комисијата очекува аргументирана, квалитетна и продуктивна дискусија.

По Димитриеска-Кочоска, пред членовите на комисијата се обрати и претседателот на Фискалниот совет, Абдулменаф Беџети, кој го дава видувањето за проектираниот буџет.
Вкупните приходи во предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Пленарната седница на која ќе се разгледува предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.






