сабота, 14 март 2026

Започна монтажата на мостот кај клучката на Момин Поток, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Долго време заглавениот и заборавен проект за Момин Поток конечно се реализира со силно темпо. По само три месеци од преземањето на функцијата, Момин Поток влегува во клучна фаза – започна изградбата на новиот мост, објави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорѓиевски, во објава на Фејсбук, информира дека е започната монтажата на челичната конструкција на новиот мост, кај клучката на Момин Поток.

„Денес се поставени двата главни носачи кон излезот од Скопје, во правец на Визбегово.  Поради сложеноста на конструкцијата и фактот што носачите се изработуваат во префабрикувани услови, нивната монтажа ќе се одвива во неколку внимателно планирани фази. Новиот мост, со должина од 43,5 метри, ќе го премости булеварот ‘Никола Карев’ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбокружниот тек. Оваа конструкција претставува клучна алка во целото сообраќајно решение и важен чекор кон модернизација на овој дел од градот“, напиша Ѓорѓиевски.

Со завршувањето на овој сообраќаен јазол, според Ѓорѓиевски, илјадници граѓани секојдневно ќе почувствуваат вистинско олеснување – побрз проток на сообраќај, помал метеж и современ влез и излез од Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ