недела, 14 декември 2025

Започна електронското аплицирање за сместување во студентските домови

Министерството за образование и наука (МОН) денеска информира дека е објавен конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Согласно конкурсот, појаснуваат од МОН, обезбедени се 4.303 места, од кои 1.034 за студенти од прва година, а 3.269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и
апсолвенти.

Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење од помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година, осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години.

„Исто така, право на прием имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и слично, односно владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори“, се додава во соопштението.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk.

Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почна денеска и ќе трае до 31 јули 2024 година. Рокот за пријавување на студентите од прва година ќе почне од 10 септември и ќе трае до 17 септември 2024 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сè до пополнување на истите, но најдоцна до 30 ноември 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ