Нашите сознанија, информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде, се дека три гуми се најдени запалени, што докажува дека е човечки фактор на целиот овој настан, изјави Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.
Огнот зафати десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација, а се шири и поради ветер. Дејствуваат тетовските пожарникари, армиски хеликоптер, полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ, 2 теренски возила пинцгауер, 1 хермелин,30 припадници на Армијата, екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и авионите ер-трактори на ДЗС за воздушна поддршка.






