среда, 4 февруари 2026

Занаетчиите реагираат дека зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани

Згаснување на голем број занаетчиски дуќани и отпуштање на вработени, ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според Комората, минималната плата треба да се пресметува согласно законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар, поради драстичното покачување на трошоците за придонеси.

„Ние не сме против зголемувањето на минималната плата но тоа треба да биде издржано, врз основа на добра анализа. Занаетчискиот сектор не може да го издржи ова темпо на континуирано зголемување на трошоците. Особено треба да се земе предвид состојбата на занаетчиите кои работат во помалите градови и руралните средини каде што постои голема миграција и значително помала потрошувачка на занаетчиски производи и услуги. За да опстанат и да ја зачуваат ликвидноста, занаетчиите ќе бидат принудени да ги зголемат цените, што дополнително ќе ја намали побарувачката и ќе доведе до затворање на голем број занаетчиски бизниси“, рече на прес-конференција претседателот на Занаетчиската комора – Скопје, Горан Ристовски.

Како што истакна Ристовски, зголемувањето на минималната плата на 600 евра директно ќе ги засегне занаетчиите кои паушално плаќаат данок по решение од УЈП и занаетчиите кои плаќаат данок по реално остварен приход.

Претседателот на Комората нагласи дека преку 2 300 занаетчии има во Скопје, а на ниво на Македонија се околу 8 000. Недостиг на работна сила има во сите сектори, но добро е, оцени Ростов, што се повеќе ученици се заинтересирани за дуално образование.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ