понеделник, 23 март 2026
Ангелов на членовите на воздухопловен тим им додели благодарници

Замина тимот од Чешка кој помагаше во гаснењето на пожарите кај нас

Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им се заблагодари за нивниот особен придонес и за помошта за гаснење на пожарите на отворено.

Ангелов на членовите на воздухопловен тим им додели благодарници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ