петок, 13 јуни 2025

Заменик министерот за земјоделство Беџети поднесе оставка

Заменик министерот за земјоделство Флакрон Беџети поднесе оставка. Тој до премиерот, Христијан Мицкоски упатил допис со кој го известува дека нема повеќе да ја извршува оваа функција.

Објавено на

часот

Сподели

Тој во дописот до премиерот Христијан Мицкоски наведува дека поднсеува неотповиклива оставка.

„Одговорнста што ја презедов со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чивство на должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да биде дел од оваа Влада во исклучително значаен период за земјоделството. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, напиша во дописот до премиерот Мицкоски.

Беџети за оставката напиша и на својот фејсбук профил.

„Денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија. Тоа беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, за да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонев на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро. Оваа задача ми овозможи да запознаам добри луѓе, пред сè земјоделци и сточари, едноставни, но чистосрдечни луѓе со кои, колку и да малку верувам, останав близок за време на вршењето на мојата должност“, напиша тој и се заблагодари до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет и неговите колеги и соработници за коректната и меѓусебна соработка“, напиша Беџети.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ